Тутунски комбинат Куманово ќе се продава по електронски пат

Bez autora
May 11 2014

И покрај тоа што АД Тутунски комбинат „Боро Петрушевски – Папучар“ од Куманово е во огромни долгови, тој е интересен за потенцијалните купувачи. Ова беше соопштено на извештајното собрание на доверители, кое се одржа вчера во Основниот суд во Велес на кое беше одлучено комбинатот, кој е во стечај да се продава по електронски пат, согласно со новиот Закон за стечај. Кумановскиот тутунски комбинат ќе се продава во пакет, по електронски пат, без почетна цена. Веќе имаше неколку посети на заинтересирани купувачи, кои дојдоа со нивни стручни лица да ја видат состојбата, пред се' на опремата и на машините. Но, ќе мине одредено време додека не завршат сите постапки во врска со имотот на комбинатот, рече стечајниот управник Зоран Денковски.

Тутунски комбинат Куманово ќе се продава по електронски патИ покрај тоа што АД Тутунски комбинат „Боро Петрушевски – Папучар“ од Куманово е во огромни долгови, тој е интересен за потенцијалните купувачи. Ова беше соопштено на извештајното собрание на доверители, кое се одржа вчера во Основниот суд во Велес на кое беше одлучено комбинатот, кој е во стечај да се продава по електронски пат, согласно со новиот Закон за стечај.

„Кумановскиот тутунски комбинат ќе се продава во пакет, по електронски пат, без почетна цена. Веќе имаше неколку посети на заинтересирани купувачи, кои дојдоа со нивни стручни лица да ја видат состојбата, пред се' на опремата и на машините. Но, ќе мине одредено време додека не завршат сите постапки во врска со имотот на комбинатот“, рече стечајниот управник Зоран Денковски.

Тој појасни дека пред Основниот суд во Велес се водат постапки за имот со незапишани права, за имот кој бил заведен во сопственост на Република Македонија и имот кој бил бесправно изграден. Сиот тој треба да биде вратен во владеење на комбинатот.

Стечајниот управник на ова Собрание ја презентираше и финансиската состојба на ТК Куманово која е мошне лоша.

„Комбинатот има имот во вредност од 800 милиони денари, додека долговите се дури 1,5 милијарди денари. Евидентно е дека Тутунски е презадолжен и има повеќе од 10 милиони евра дупка, разлика меѓу имотот и долговите. Затоа е многу важно при продажбата да се понудат и машините и опремата во висина од 70 милиони денари, кои се одземени по правосилна пресуда во кривична постапка. Тие се сопственост на Агенцијата за запленет имот. Ќе треба да се договориме со нив при продажбата и оваа опрема да се понуди во пакет, затоа што тоа е најважното за комбинатот. Со нив се произведуваат цигарите. Без овие машини не верувам дека некој ќе сака да купи само згради и простор“, истакна Денковски. Тој напомена дека примери на заедничка продажба на запленет и стечаен имот имало повеќе последниве години.

Денковски ги објасни и причините како дошло некогашниот кумановски Монопол кој работи од 1922 година да отиде во стечај.

„Проблемите во комбинатот започнале во средината на деведесеттите години, кога се јавуваат првите дубиози, значителни задолжувања. Биле земани кредити заради негов развој, но во тоа време имаше енормно високи камати кои влијаеја на работата. Имало недомаќинско работење. Се случувале чести промени на структурата на сопственоста за да заврши со тежок криминал“, рече Денковски објаснувајќи дека комбинатот не работи почетокот на 2007 година, а овој стечаен управник таму влегол на 20 јуни лани.

Поради презафатеност на Основниот суд во Куманово, дел до стечајните предмети со одлука на Врховен суд се префрлани во судовите во Скопје, Штип и Велес. Во Велес еден е веќе завршен со преземањето на Автотранспортното претпријатие „Југ Турист“ од страна на нов сопственик.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik